Coffee time is any time

Витамини кои се важни за мажите

Витамин „А“
Витаминот „А“ влијае на видот, го поттикнува имунолошкиот состав, а важен е и во функцијата на
репродуктивниот систем на мажите, стимулирајќи го производството на тестостеронот.

Витамин „Ц“
Го намалува ризикот од срцеви болести кај мажите, ризикот од развој на рак, мозочен удар и
општо ја зголемува отпорноста на организмот. Исто така, ја подобрува функцијата на
невротрансмитерите, го зголемува нивото на енергија, а, според поновите истражувања, влијае и
на намалување на веројатноста за развој на гихт.

Витамин „Д“
Витаминот „Д“ ја зголемува апсорпцијата на калциум, го подобрува растот на коските, го намалува
ризикот од развој на остеопороза. Исто така, овој витамин се поврзува со растот на косата, но и со подобри спортски изведби.

Витамин „Е“
Малиот број на сперматозоиди се поврзува со недостатокот на цинк и витамин Е, а недостатокот
на овој витамин е поврзан со развојот на рак на простата. Исто така, овој витамин игра важна
улога и во одржувањето на имунолошкиот состав и општото оптимално функционирање на
организмот. Влијае и на крвните садови, проширувајќи ги и така намалувајќи го ризикот од
собирање на тромбоцити.

Витамин „К“
Кај повозрасните мажи витаминот „К“ е важен за намалување на настанокот на ризик од
дијабетес.

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...