Coffee time is any time

Неколку совети против грип и настинки

Преодите помеѓу годишните времиња се најлоши кога станува збор за настинки и грипови. Тогаш мора да бидете највнимателни, но и да направите сè што можете да го обезбедите домот од незгодните вируси. Еве неколку совети.

Воведете правила за миење раце – За да спречите неконтролирано ширење на бацилите, воведете режим на миење раце во домот (ова е особено важно доколку имате помали деца или постари луѓе што живеат со Вас). Правилото мора да биде – миење на рацете при секое влегување дома, задолжително миење на рацете пред и по секој оброк и секојпат кога ќе кивнете во рацете.

Вакцинирајте се против грип – Ова не важи само за ранливите групи: деца, постари лица и лица со нарушен имунитет; доколку се дружите со луѓе од ризичните групи или пак имате деца кои одат на училиште, препорачливо е да се вакцинирате против грип. Доколку сите во домот се заштитени, ќе имате добри шанси да ја минете целата зима без какви било сезонски болести.

Хранете се добро – Одржувањето на телото во добра состојба, со сите потребни хранливи материи, витамини и минерали, ќе придонесе во битката со настинките и вирусите што другите ќе ги рашируваат
наоколу.

Избегнувајте физички контакт – Избегнувајте поздрави со бакнежи во образ, долги ракувања и сл. Секогаш со себе носете си влажни шамивчиња и кога ќе се поздравите со некој што мислите дека можеби е носител на вирус, избегнувајте допири на лицето или кој било друг дел од телото додека ги измиете рацете.

Наспијте се! – Еден од основните столбови на доброто здравје е квалитетниот сон. Кога спиете, телото се
регенерира, а имунолошкиот систем се бори со вирусите кои се пренесуваат преку воздух. Колку сте поисцрпени и поистоштени, толку полесно вирусите на грипот и настинката ќе можат да Ве совладаат.

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...