Coffee time is any time

Забен каменец кај домашните миленици

Др. Радомир Петрушијевиќ ДВМГлавна улога во формирањето на забниот каменец кај домашните миленици има забниот плакт.

Тоа е леплива наслага на површината на забот која ја сочинуваат остатоци на храна, бактерии и нивните продукти.

Со редовно чистење и четкање на забите, забниот плакт може да се отстрани и да се намалат шансите да се појави забниот каменец.

Има неколку причини кои доведуваат појава на забен каменец :

–          Недостаток на орална хигиена

–          Кога кучето јаде само мека храна

–          Неправилна положба на забите

–          Зголемена рапавост на забите

–          Лошо поставени заби

–          Ретенција на млечни заби

Забниот каменец во нашата амбуланта го отстрануваме со ултразвучен апарат. Постапката се изведува во општа анестезија или со седација и трае околу 15 минути. Во анестезија или седација миленикот  се воведува после извршен клинички преглед.

Забен каменец кај домашните миленици

Само со ултразвучен апарат отстранувањето на забниот каменец е возможно. Одстранувањето во домашна режија не е возможно, може да донесе до поголеми оштетувања на забите.

Забен каменец кај домашните миленици

После секоја интервенција сопствениците поминуваат низ мала едукација како понатаму да се грижат за ораланото здравје на својот миленик.

Пишува: Др. Радомир Петрушијевиќ ДВМ

Ветеринарна амбуланта РЕМЕДИУМ ВЕТ

Можеби ќе ве интересира