Coffee time is any time

ВИЦ: Актерка, манекенка и проститутка кај Свети Петар

Актерка, манекенка и проститутка загинале во сообраќајна несреќа и отишле кај Свети Петар на судење. Актерката влегува и Свети Петар ја прашува:
– Што направивте Вие во животот?
– Претежно се пресоблекував и глумев.
– Значи си се соблакала, марш во пеколот! – рекол Свети Петар.
По неа доаѓа манекенката:
– Што направивте Вие во животот?
– Се соблекував и облекував и така одев по пистата.
– И ти си се соблекувала?! – марш во пеколот!
И последна доаѓа проститутката:
– Што направивте Вие во животот?  – прашал Свети Петар.
– Претежно спиев цел ден. Во вечерните часови се спремав и одев од бандера на бандера…
– Фала му на Бога, електричарка! – рекол Свети Петар.

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...