СПОРТ

(Видео) ЕП 2020: Уште една драма која заврши неславно за Македонија – Ракомет се игра 60 минути!

Македонија загуби од Чешка со 27:25 во 2-то коло од ЕП 2020, иако на полувреме имавме предност од два гола 9-11.

Одлично го почнавме мечот, во текот на скоро цело прво полувреме имавме предност против Чесите што на крајот од првите 30 минути резултираше со предност на црвено-жолтите од 11-9.

Вторите 30 минути лошо го стартувавме, чесите брзо ја анулираа предноста и по само 3 минути имаа предност од 12-15.

Чешка ја одржуваше предноста и во последните десет минути влегоа со четири гола предност. Потоа следеше период во кој Македонија направи серија од 4:0 и израмни на 22:22.

И тука како да застанаа нашите ракометари, а во последните пет минути се играше гол за гол, но ние не реализиравме два напади. Тоа Чешка го искористи за конечна победа од 27:25.

Кире Лазаров беше најефикасен на мечот со 11 гола, но играч на мечот беше чешкиот голман Мартин Галија со 14 одбрани.

И покрај поразот се уште имаме големи шанси за пласман во втората фаза.

Во последниот натпревар од Б групата во вторник играме против еден од домаќините на првенството Австрија.

Ова се најинтересните моменти од мечот….

Back to top button
Close