Велосипеди за сите станбени, деловни и јавни објекти во Аеродром

0

Инвеститорите во Општина Аеродром во рамки на градежните парцели во иднина ќе мора да планираат паркинзи за велосипеди при изградба на сите нови станбени, деловни и јавни објекти.

Оваа одлука на последната седница ја донесе Советот на Општина Аеродром во согласност со Законот за градење, Законот за локална самоуправа и соодветниот Правилник за урбанистичко планирање како една од конкретните мерки за заштита на животната средина.

Општина Аеродром има за цел да го поттикне користењето на велосипедите како превозно средство преку овозможување услови за нивно користење и паркирање, односно преку обезбедување доволен број паркинг места
и соодветна инфраструктура за безбедно движење.

Со користењето на алтернативни средства за превоз, придонесуваме за здрава животна средина, активен живот и намалување на проблемот со сообраќајниот метеж – велат надлежните од општина Аеродром.

Comments are closed.

adana escort - adana escort bayan - mersin bayan escort - escort mersin - escort adana