Coffee time is any time

11 години јадел само брза храна, бел леб и чипс и останал без вид!

Седумнаесетгодишник од Велика Британија го загубил видот поради лоша исхрана која се состоела исклучио од чипс, помфрит и бел леб.

Лекарите во Бристол тврдат дека ослепувањето е поради недостаток на витамини.

Откако го завршил основното училиште, тој јадел само чипс и помфрит, а повремено каснувал бел леб со шунка или колбас, пренесува „Би-би-си“.

Медицинските испитувања покажале нему му недостигааа повеќе витамини и минерали.

Кога бил на преглед на 14 години се жалел на постојан замор и дека не се чувствува добро и тогаш ми било кажано дека има недостаток на витамин Б12.

Лекарите му препишале витамински таблети. Но, тој не ги сменил навиките во исхраната и три години подоцна останал без вид.

На докторката која го лечела и кажал дека има гадење од одредна храна и поради тоа не јадел.

,,Ниту е дебел, ниту е неухранет, но состојбата му е таква што тој ги исполнува критериумите да биде прогласен за слеп. Има дијагноза нутритивна оптичка неуропатија која може да се лечи ако се открие на време.

,,Ова е редок случај. Веганите имаат поголем ризик да заболат од проблеми поврзани со видот,, изјави докторката која го лечи Британецот.

Нa неименуваниот студент, кој морал да се откаже од студиите на факултетот за информатичка технологија, му недостасувале неколку клучни витамини, вклучувајќи ги витаминот Б12, бакар и витаминот Д.

Адолесцентот со години не ги добивал потребните хранливи материи. Неговиот лекар вели дека има трајно оштетување на оптичкиот нерв и добил одредени витамини кои мора да ги земе, а мора и да внимава и на неговата исхрана и да внесува доволно месо, овошје и зеленчук.

Ако се реагира премногу доцна, пак, нервните влакна во очниот нерв изумират и оштетувањето станува трајно.

За среќа, ваквите случаи не се чести, но родителите би требало да бидат свесни за потенцијалните штети што може да бидат предизвикани од прекумерно внесување храна која нема никакви хранливи материи, односно витамини и минерали.

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...