Coffee time is any time

Сузана Спасовска и Тони Китановски – музичките правци ги разделува, но Кина ги спојува

Музичката уметност често зборува низ звуци подлабоки од поезијата. Музиката ги обединува сите квалитети – може да не воздигнува, да не зближи, развесели или да го скрши најтврдото во нашите срца со најнежното од своите меланхолични тонови. Но, нејзината примарна задача е да ги води нашите мисли кон возвишени нешта, да не воздигне, па дури и да не растрепери.

Тони Китановски

Надоврзувајќи се на мисијата зацртана на почетокот на емитувањето на телевизиската емисија Нихао, продолжија да ги откриваат најголемите богатствата на Кина кои допираат до сите сетила. Оваа недела во 12.15 часот на Телма телевизија зборуваат за музиката. Музичката приказна од таму, ја раскажуваат македонски врвни артисти кои што правците во музиката ги разделуваат, но Кина ги спојува. Амбасадорот на македонската народна песна Сузана Спасовска и Антонио Китановски, декан на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип и промотор на македонскиот џез во светот.

Сузана Спасовска

Кина ги следи светските трендови во музиката но безрезервно ја почитува сопствената музичка традиција. Можеби токму тоа е идеалниот баланс благодарение на кој и кинескиот звук галопира со неверојатна брзина до сите четири страни на светот.

Можеби ќе ве интересира