Coffee time is any time

Секс акција – пози за пост бременост

Денес да научиме нешто ново и во меѓувреме да им помогнеме на возбудените тукушто породени мајки. Се кажува дека се се менува откако ќе добиете дете вклучувајќи го и сексот. Тоа што до сега Ви одело во прилог откако ќе роди мајката многу можно е да е различно. Мајката во текот на бременоста па и откако ќе роди поминува низ премногу за да се очекува веднаш да биде подготвена за сексуални односи. Доколку жената е породена по природен пат потребно е околу 4-6 недели за да закрепне и да може да има односи. Покрај се, некои мајки кои ги дојат своите мали имаат проблеми со сувоста-доењето го намалува естрогенот што влијае и на сексуалната подготвеност.

За жал исто така се менува и најзадоволувачката позиција во текот на сексот што е сосема нормално, позата која до тогаш ви се допаѓала најмногу, сега повеќе не е така. Но, со мало експериментирање можете многу брзо да се вратите во играта.

Сепак секоја жена е различна, не постои некоја Библија за сексот пост бременост, но родилките е потребно да истражуваат малку повеќе и да експериментираат со позите за да дојдат до посакуваната цел.

Пронајдете ја најкомфорната поза и сосредоточете се на задоволството!!!

Со цел да ви олесниме, во прилог следуваат најкомфорните пози:


За да се постигне пенетрација прв пат после бременост започнете со позата каде што сте вие врз партнерот. Доколку не ви е непријатно чувството да се оддалечите од партнерот на колена, оваа поза ветува многу!!!


БРЗ ФЛИП
Доколку не ви е пријатно да бидете врз патнерот, пробајте да се свртите и да се позиционирате на стомакот со мало издигнување на задникот (може и немора). Оваа поза со мало вложување на енергија овозможува да се опуштите во пенетрацијата без партнерот да оди премногу длабоко.
Со задникот го контролирате партнерот!


СПУНИНГ
Пост бременост, бавно и стабилно ја освојува трката. Како што кажува самата слика, легнувате на страна со што ја контролирате брзината и длабочината која доаѓа од вашиот партнер!


МРЗЛИВ СЕКС
Доколку позата СПУНИНГ ви овозможува преголемо задоволство,но не сакате да се размрдате толку, пробајте со оваа поза. Мрзлив секс позата е успешна доколку легнете во буквата Л, вие на грб, а вашиот партнер
истото, но на страна. Ова ви овозможува со минимален напор да ви дава на двајцата огромно задоволство.


УСНИ ВО АКЦИЈА
Зборувајќи за вашиот клиторис, оралниот секс е секогаш одлична опција за ваше задоволство. Дали лежите на грб или пак се потпирате на нешто, немате никаква грижа околу пенетрацијата.

Можеби ќе ве интересира