Промоција на проектот „Пријателски места за аутизмот“ во Музејот на македонската борба

0

Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод завршување на проектот „Пријателски места за аутизмот“, во среда на 11 мај 2022 година во 13:00 часот ќе организира промоција на проектот во Музејот на македонската борба.

Пријателски места за аутизам е концепт создаден за да одговори на потребите на лицата од спектарот на аутизам. Тој нуди образовен аспект преку онлајн модули, критериуми и упатства за продавниците и институциите да аплицираат за сертификат, како и начин да се создадат повеќе инклузивни младински центри.

Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ и истиот го спроведуваме заедно со асоцијацијата „Призми“ од Малта, две други институции од Малта, Аутизам Европа од Брисел и здружението Learning Designers од Шпанија.

Главните цели на овој проект се:

  • прилагодливи околини да бидат подостапни за лицата со аутизам,
  • обезбедување обука и создавање свест во заедницата,
  • зачувување на социјалниот аспект за млади лица со аутизам.

Во рамките на проектот шест млади лица од Македонија во текот на Јануари 2022 година престојуваа на тренинг обуки во Малта. Во текот на месец март на Филозофскиот факултет во Скопје се одржаа 4 младински хабови за лица со аутизам и уште 4 слични такви во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп. Од Македонија дваесетина институции се стекнаа со сертификат кој на свечен начин ќе им биде доделен на настанот.

На промоцијата ќе бидат прикажани резултатите од проектот. Покрај членовите на МНЗА ќе присустуваат и директори и членови на стручните тимови при основните училишта од Македонија, родители на деца со аутизам, установи кои потпишаа соработка со нас и станаа попријателски места за аутизам. Честа да го отвори и поздрави овој собир ќе го има градоначалничката на град Скопје – госпоѓата Данела Арсовска.

Повеќе информации за проектот може да се најдат на веб страницата: https://autismfriendlyspaces.eu/.

Во прилог на оваа информација ви ја праќаме и програмата на настанот и постерот за илустрација. Доколку сте заинтересирани за изјави Ве молиме најдоцна во 12:45 часот да бидете во конференциската сала на Музејот на македонската борба.

МНЗА е национална асоцијација со најдолг стаж од 22 години во полето на аутизмологијата во Македонија. Главна цел е да ги унапреди правата на лицата со аутизам и нивните семејства и да им помогне да го подобрат квалитетот на нивниот живот. Обезбедува ефективна врска со други меѓународни организации за аутизам и соработува со меѓународни научни и образовни институции. Членовите на МНЗА објавуваат книги, прирачници, памфлети, брошури, како и научни трудови во високо реномирани научни списанија со фактор на влијание.

Comments are closed.

adana escort - adana escort bayan - mersin bayan escort - escort mersin - escort adana