Промоција на книгата “Разнишан свет” од Ирена Јурчева

0

Културно-Информативниот Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани  на промоција на книгата “Разнишан свет” од Ирена Јурчева, издавач Темплум, на ден 18 мaj 2022 година почеток во 19:19 часот, во Салон 19:19

Книгата ќе ја претстави Александра Јуруковска, делови од книгата ќе читаат Светла Јакшиќ и Емануела Ковачевска Китановска, музичка изведба Јасна Трпкова и Дарко Јованов

Расказите во книгава започнуваат со секојдневието на скопскиот плоштад, а завршуваат во неименуван град во угнетувачко дистописко општество. Ова не се класични дистописки раскази, туку се доминантно психолошки, испреплетени со внатрешни борби на ликовите. Ликовите, на прагот на едно ново време, фрлени во студенилото на постоењето и турнати во неправди, поставени се пред изборот да ги прекршат наметнатите норми. Тие се соочуваат со потребата од откривање и испитување на божјата димензија и на човечкото во себеси. Полни со симболи и со алузии, на работ помеѓу сонот и јавето, расказиве навлегуваат во чудесното и фантастичното.

***

Ирена Јурчева е родена во 1982 година во Белград. Живее и работи во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за преведување и толкување. Работела како наставничка по англиски и француски јазик во повеќе училишта и јазични центри во Скопје. Превела повеќе од петнаесет книги за три издавачки куќи во Македонија. Во 2017 година освоила награда на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри”– Гостивар. Нејзина поезија е објавена во неколку книжевни списанија. Досега ја објавила поетската книга „Таинства” (2017) и збирката раскази „Белата е најстрашната боја” (2019) за која ја добила наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите!” од книгоиздателството Темплум. Гостувала на повеќе поетски фестивали, читања и слем натпревари. Организирала и учествувала во повеќе работилници за креативно пишување.

Фејсбук настан

https://www.facebook.com/events/547725380286906

Comments are closed.

adana escort - adana escort bayan - mersin bayan escort - escort mersin - escort adana