Oд утре градинките ќе работат, штрајкот во училиштата продолжува!

0
Јаким Неделков

Вчера начелно беше постигнат договор помеѓу претставниците на СОНК и Владата за зголемување на платите за 12 отсто. Се чекаше одлука да донесе членството и Советот на СОНК. Денеска е донесена одлуката – штрајкот во училиштата подолжува и понатаму, додека во градинките ќе биде ставен во мирување и од утре вратите во предучилишните установи ќе бидат отворени, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

Јаким Неделков

Тој соопшти дека од вкупно 480 синдикални организации, 388 биле „за“ продолжување на штрајкот, а само 83 биле за прекинување на штрајкот и продолжување на наставата.

Штрајкот во градинките ќе се стави во мирување и од утре тие ќе почнат редовно да работат поради барањето на големиот број градинки да продолжат со работа во интерес на родителите и децата.

Советот на СОНК одлучил и да организира голем масовен протест во среда на 4 мај.

Неделков пoвтори дека жалат за непријатностите со кои се соочуваат родителите и учениците и повика на разбирање.

Comments are closed.

adana escort - adana escort bayan - mersin bayan escort - escort mersin - escort adana