Министерката за култура во елегантен фустан од кашмир и свила во Рим, дело на македонскиот дизајнер Папаз

1

Македонската делегација предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ја започна официјалната и работна посета во рамки на одбележувањето на 24 мај – Денот на македонските и се словенски просветители Светите Кирил и Методиј.

– Свечениот ден кога голем дел од Европа ги слави светите браќа Кирил и Методиј, за македонската делегација во Ватикан е возвишен и со аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Франциск, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Почитувајќи го строгите правила и протокол таа носеше фустан и вел соодветни за овој настан од македонскиот моден дизајнер Папаз и бисери од Филеви.

– Фустанот е со прикладна должина изработен од кашмир и свила, збогатен со рачно извезена памучна чипка, нанесена низ цела креација. Силуетата е строга и прочистена, истакната со пеплум а сите детали се минимализирани, појаснува македонскиот моден дизајнер Папаз.

Тој додава дека удобноста и изградениот вкус на министерката беа во фокусот на вниманието при смислувањето на дизајнот.

– Целта беше да се создаде креација која ќе плени со својата едноставност и квалитет. Велот е изработен од свилен жоржет, кој со својата леснотија и провидност дава елегантен ефект и е прикачен за венче изработен од истата чипка која ја има на фустанот, додава Папаз.

Comments are closed.

adana escort - adana escort bayan - mersin bayan escort - escort mersin - escort adana