Coffee time is any time

Одржана втората регионална средба за подобрувањe на услугите и политиките за мигрантите

Подобрени услуги и политики за мигрантите на општинско ниво во регионот е темата на која се говореше на втората регионална средба на координаторите од локалните мрежи од  општините Скопје, Куманово, Гевгелија, Прешево, Ниш, Врање, Белград, Суботица, Сремска Митровица и Шид.

Улогата на мрежите е да вршат мониторинг на политиките и услугите на локално ниво, креираат извештаи кои ќе бидат маркер во наредниот период и ќе бидат испратени до сите засегнати страни.

Извештаите ја опишуваат моменталната состојба на мигрантите во земјата, од аспект на спроведување на целосна анализа на тековното законодавство во делот на заштита на мигрантите, бегалците и барателите на азил.

Претставниците на локалните мрежи потенцираа дека од исклучителна важност е следењето на политиките од страна на локалните мрежи бидејќи тие самите даваат придонес кон подобрување на институционалниот амбиент за интеграција на мигрантите во општеството.

Проектот Создаваме заедно: мониторинг и застапување за заедницата е имплементиран од Фондацијата Конрад Аденауер во партнерство со Здружение на правници на Република Македонија и Здружение Атина од Србија а е финансиран од Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...