Coffee time is any time

Макстил со донации на компјутерска опрема и прехранбени производи ја одбележа 24 годишнината на компанијата

Со донација на прехранбени производи за социјално загрозени семејства во текот на Меѓународната недела за борба против гладот, Макстил ја одбележа 24 годишнината од основањето на компанијата. Означувајќи го својот долгогодишен придонес за заедницата, компанијата додели и компјутерска опрема наменета за ученици чии семејства припаѓаат на социјално загрозената категорија и не се во можност да обезбедат електронски уред за потребите на образовниот процес. Компјутерската опрема е доставена преку иницијативата „Донирај компјутер” од Кавадарци, од каде потоа ќе бидe распределенa на семејствата според приоритетност. Донацијата на прехранбени производи во вредност од 60.000 денари се одвива преку Црвениот крст во рамките на кампањата „Помислете и на нас”.

„Во овие 24 години работа покажавме дека сме значаен фактор во сите животни сфери на делување, а со нашата работа на регионалните и меѓународните пазари, придонесуваме за домашната економија и за унапредување на заедницата. Токму во таа насока се и овие две донации, со цел да го интензивираме нашето позитивно влијание врз општествената заедница и со тоа да потсетиме на значењето и улогата што една компанија со толкава традиција и долгогодишна успешна работа може да ја има врз граѓаните и нивните животи”, изјави Иван Бановски, генералниот директор на Макстил.

Освен донации, Макстил по повод годишнината додели и јубилејни награди на 31 свој вработен, кои оваа година го одбележуваат својот личен јубилеј како дел од Макстил, а на сите свои вработени им додели вредносни ваучери.

Макстил е компанија којашто освен како најголем македонски производител на челик, се етаблира и како регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Своите висококвалитетни производи ги пласира во над 40 земји во светот, воспоставувајќи деловни релации со повеќе од 500 компании, купувачи на производите на Макстил. Со континуирано вложување во иновативни и напредни производни процеси, високи стандарди за квалитет на производите и безбедност на вработените, Макстил досега има инвестирано повеќе од 100 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...