Coffee time is any time

Brummell со инвестиција од 100.000 € од X Factor Accelerator

Brummell компанијата позади првото сако наменето за мотоциклисти во светот, доби
инвестиција од 100.000 € од X Factor Акцелераторот.

Компанијата е основана од страна на Нино Карас и Нина Левиќ, и има свои претставништва
во Скопје и Њу Џерси, Америка.

X Factor Macedonia

Визијата на тимот е да направи опрема за мотоциклисти која ќе пружи максимална
сигурност и заштита на возачот, а во исто време и елегантен изглед. И тие го направија тоа.
Brummell сакото е совршено дизајнирано парче опрема, кое изгледа како сако однадвор, а
одвнатре ја има потребната заштита и перформанси на моторџиска јакна. Оваа високо
иновативна заштитна опрема го задоволува и деловниот изглед и заштитата, истовремено
обезбедувајќи целосна удобност при возењето. За повеќе детали линк до промо видео:

Тргнувајќи од личен проблем, при изработка на сакото во фокусот биле изгледот, заштитата
и удобноста при возење.

Brummell сакото е изработено со материјали отпорни на абразија и инкорпорира CE Level 2
штитници за рамена, лакти и грб. На овој начин сакото е отпорно на кинење при лизгање на
асфалт и вооедно го штити возачот од фрактури и несакани повреди.

X Factor Macedonia

Сакото е дизајнирано за комфорт при возење на мотор и вклучува посебни фалти на
рамената за максимална удобност при возењето, систем за вентилација со цел одржување
на пријатна температура и околувратник отпорен на ветер кој го штити градниот кош.

А за да го постигне тој елегантен надворешен изглед, Brummell користи врвни материјали
што може да се најдат кај модерните сакоа од висока класа, со бои кои вклучуваат црна и
карирана варијанта.

X Factor Macedonia

Првите нарачки се веќе испорачани во повеќе држави низ целиот свет, а мисијата на тимот
на Brummell е да стане првиот светски бренд со елегантна опрема за мотоциклисти. Во таа
насока, веќе се размислува и за проширување на миксот производи наменети за овој
атрактивен пазарен сегмент.

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...