СПОРТ

Македонецот Христо Ковачи ќе се натпреварува на Central European Zone Rotax Challenge во Австрија

Можеби со задоцнување, но тркачката сезоната на Христо Ковачи како „Ковачи рејсинг тим“ започна со првата картинг трка за „Central European Zone Rotax Challenge“ во Австрија. На натпреварот има пријавени 30 учесници во неговата класа што претставува нов и сериозен предизвик.

-Имав успешна година зад себе, иако е пандемија, сепак мене ми е вистински предизвик да се натпреварувам. Време е да се вратиме на патеките и да си ги одмериме силите, вели младиот Христо.

„Ковачи рејсинг тим“ ја заврши успешно 2019 година со најмладиот натпреварувач од Македонија во картинг, Христо, кој е вицешампион во земјава и трето место на генералниот пласман при Бугарскиот шампионат, како и второ место предфинално на балканскиот куп во Бугарија.

-Самиот обем на учесници и борбата во еден шампионат на ниво на Централна Европска Зона во која земаат учество 16 земји кажува многу. Патеката за жал поради далечината немаше шанса да ја тренира и ќе има само еден ден тренинг пред самите квалификации, а веќе наредниот ден се трите трки на кои ќе учествува. Христо ќе даде се од себе да напредува и да постигне што подобар резултат. јас сум среќен што и самото учество на овој шампионат ќе ги подобри неговите возачки способности, истакнува Аргир Ковачи, таткото на Христо.

Back to top button
Close