МАКЕДОНИЈА

Либерален институт: Време е за младински ангажман за глобално дејствување

Поголемо младинско учество и вклученост на младите во носењето на одлуки во државава е залагањето на Либералниот институт Скопје, потенцираат од Институтот по повод 12-ти август, интернационалниот ден на младите.

„Меѓународниот ден на млади е ден кој е од особено значење и Либералниот институт кој заедно со своите интернационални партнери го одбележува со едукација за младинските политики и нивните права. Темата на овој ден за 2020 година гласи „Младински ангажман за глобално дејствување“ и има за цел да ги потенцира начините на кои ангажираноста на младите луѓе на локално, национално и глобално ниво ќе допринесе за збогатување на национални и мултилатерални институции и процеси, како и извлекување лекции за тоа како може значително да се подобри нивната застапеност и вклученост во формална институционална политика.“ вели Санда Крекиќ, директорка на Либералниот институт Скопје.

Фокус на Институтот е да се вклучи во развојот на заедниците локално и интернационално, како и ангажирање на младите во формални политички механизми кои ја зголемува праведноста на политичките процеси со намалување на демократските дефицити, придонесува за подобри и поодржливи политики, а исто така има и симболичко значење што може дополнително да придонесе за враќање на довербата во јавните институции, особено кај младите.

„Од досегашната работа и искуство со младите преку организираната младинска Либерална академија и академија за млади жени лидерки како и секојдневната комуникација со алумни учесниците и голем број на млади, Либералниот институт директно ги воочува проблемите со кои се соочуваат младите, кои се нивните потреби и како нивните идеи да се имплементираат“ додава Крекиќ.

Таа потенцира дека Институтот ќе продолжи со исполнување на целите на младите и овозможување на нивна посветла иднина, преку едукација и унапредување на вештините на младите преку интерактивни семинари и работилници. Социјална инклузија на младите во маргинализираните заедници и давање на нивен поголем значај, преку овозможување простор за искажување на нивните идеи и предлози. Мултикултурно општество со отворени можности за млади и отворање на можности за нивни граѓански иницијативи, како и развој на младински политики со кои ќе се заштитат правата на младите и ќе се апелира за поголеми можности на младите, овозможување на поголем број грантови за нивен поголем стимул.

Back to top button
Close