ЖИВОТ

Кевин Принц Боатенг ја отвори душата – Во еден ден купив Ламборгини, Хамер, а потоа ….

Кевин Принс Боатенг направи една интересна паралела за лошиот однос кој го имаат младите фудбалери во модерниот фудбал, но посочи дека сличен однос имал и тој додека бил неискусен и млад…

Славата на млади години носи соочување со многу нови предизвици, но и неизмерно трошење на пари ако се нема самоконтрола, нешто што знае да биде случај со голем број млади фудбалери.

Таков бил случајот и со Кевин Принс Боатенг, кој сега открива дека до толку немал контрола над случувањата, што во еден ден купил три скапи автомобили додека бил дел од Тотенхем.

,,Кога ќе се навратам назад, доаѓам до еден заклучок. Не го третирав фудбалот како работа. Јас бев идиот. Имав талент, но трениравм минимално. Последен доаѓав на тренинзите и прв си одев.

,,Сакав да минувам повеќе време со пријателите. Имав пари и живеев како крал. Се сеќавам дека додека бев во Тотенхем, во еден ден купив три автомобили. Купив Ламоборгини, Хамер и Кадилак.

,,Поучен од моите грешки, сега им кажувам само едно нешто на младите играчи. Можете да купите што сакате, но среќата никогаш не можете да ја купите. Имав семејни проблеми и со трошењето пари на глупости се обидував да се направам среќен.

,,Купив три автомобили за да бидам среќен во наредните три недели, – открива Боатенг кој од оваа сезона е член на Фиорентина.

Освен за Фиорентина тој во кариерата настапуваше и за Херта, Тотенхем, Милан, Портсмут, Шалке, Ајнтрахт, Сасуоло, Барселона и Лас Палмас.

Back to top button
Close