Coffee time is any time

Започнете го денот со шолја од вашето омилено кафе!

Утринските ритуали претставуваат основа за денот и затоа секогаш кога ќе ги пропуштиме, чувствуваме дека едноставно денот „не ни оди како што посакуваме“. Пиењето на првото кафе е посебен момент од секојдневната рутина, кој особено многу го цениме бидејќи ни дава нова енергија и ни влијае на целосното расположение. Затоа, скоро и да не постои подобар начин да се започне денот од подготвување и опуштање со една шолја од омиленото кафе.

„Денот по утрото се познава“ – реченица која сте ја слушнале толку многу пати. Навистина, човековиот ум и тело реагираат на импулсите кои влијаат на енергијата, еланот и расположението, па затоа постојано се повторува колку е важно да поставите солидна основа на денот уште во текот на утрото. А омиленото кафе, подготвено лично од вас за вас, ќе ве разбуди и ќе ви го отвори патот кон успешен ден.

Магичниот мирис и вкус на овој популарен пијалак како ги обземаат сите наши сетила, па секојпат кога ќе подготвиме нова шолја кафе чувствуваме како таа го буди целото тело. Каков и да е вашиот омилен вкус, не постои погрешен начин на пиење кафе. Горко и без шеќер или пак слатко, со повеќе лажички шеќер, кафе со млеко или со засладувач – секој ужива во него на различен начин. Но, голем дел од задоволството се крие и во брендот на кафе кое го купувате.

Гранд кафе со својата долга традиција на производство и постојан квалитет, нуди максимално уживање во кафето за сите оние хедонисти кои им даваат приоритет на убавите работи во животот. Без разлика дали ќе го одберете Grand Gold, омилениот мирис и вкус на голем број домаќинства во регионот, нежниот и сензуален вкус на Гранд Арома или пак Grand Strong кое е јако и питко кафе, сигурно нема да погрешите!

За да се уверите во „магијата на вистинско кафе“, уште денеска отидете до локалниот маркет и побарајте го вашето омилено Гранд кафе и направете си една шолја баш по ваш вкус!

Единствениот подобар почеток на денот од пиење на омиленото кафе е доколку истото тоа кафе ве расположи со „милионерска насмевка“. А што значи тоа? Дека кафето има моќ да ве направи милионер! И тоа не било кое кафе, туку само Гранд – преку наградната игра „Стани Гранд милионер“ која веќе започна. Правилата за игра се многу едноставни:  Секое 200-грамско пакување на кафињата Grand Gold, Grand Aroma и Grand Strong во внатрешноста на амбалажата крие втиснат уникатен код. За да учествувате во наградната игра „Стани Гранд милионер“, сè што треба да направите е да го испратите кодот на веб-страната www.grandkafa.mk или преку СМС на бројот 149 491. Во текот на наградната игра, Гранд секој ден ќе доделува по 5 дневни награди, што значи дека до крајот на наградната игра ќе бидат доделени дури 610 дневни награди. Секој испратен код кој нема да биде извлечен во дневното извлекување автоматски влегува во игра за следното извлекување на главна награда во тој циклус! Навистина е толку лесно да се стане милионер!

А сега, време е за кафе. Без разлика во кој дел од денот го читате ова, добра идеја е да се опуштите со една шолја од вашето омилено Гранд кафе. На здравје!

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...