Coffee time is any time

За вистинските работи е потребно време

Сигурно често ви се случува поради секојдневните обврски или пренатрупаниот распоред да сфатите дека на крајот од денот сте пропуштиле да посветите барем малку време на она што е навистина важно. Драгоцените моменти кои значат, кои ќе останат запаметени, кои нѐ исполнуваат со среќа и прават да се чувствуваме подобро. Тоа се оние моменти кои ни го насочуваат вниманието кон тоа дека е потребно да забавиме и да си дадеме време на себеси, кои ни помагаат да ги средиме мислите и одново да воспоставиме баланс за да продолжиме со денот.

За вистинските работи е потребно време

Секогаш дајте си време за себе!

Секогаш мораме да имаме на ум дека времето ни е неопходно и кога сакаме да се оствариме, да се докажеме и да ги исполниме целите кон кои тежиме или кои од нас се очекуваат. Така е уште од мали, кога се навикнуваме на новите улоги и обврски кои нѐ очекуваат. Поаѓањето во градинка и навикнувањето на правилата кои таа ги наметнува, новите лица кои ги пуштаме во нашиот свет, поаѓањето на училиште и обврските кои доаѓаат во пакет… Меѓутоа, и кога ќе пораснеме, не е нималку поразлично. Оние важни животни одлуки бараат од нас добро да размислиме пред да се осмелиме да направиме било што. Уписот на факултет и изборот на професија, заедничкиот живот, планирањето на семејство и сето она што нѐ учи да бидеме упорни, истрајни и сигурни во намерите.

За вистинските работи е потребно време

Посветете се на драгите луѓе во вашиот живот!

Кога ќе го согледаме сето ова, времето е една од најскапоцените валути со кои располагаме, а квалитетно поминатото време е нешто што апсолутно нема цена. Особено во предизвикувачката денешница, која диктира темпо кое понекогаш е толку тешко да се испрати. Така, често забораваме да си дадеме себеси и на нашите блиски макар малку време за она што е навистина важно. Понекогаш е доволно само на момент да застанеме и барем еден дел од денот да го посветиме на малите ритуали кои ни го прават денот поубав и му даваат смисла на животот. Еден од тие моменти за многумина сигурно е и пиењето кафе кое многу често го врзуваме со драги луѓе и убави чувства. Повик на кафе, а потоа и моментот кога неговиот опоен мирис ќе се прошири низ домот и ќе нѐ потсети на дружење и блискост. Тоа ни помага да се чувствуваме сигурно, да застанеме и да ги преиспитаме одлуките, да дефинираме приоритети или едноставно да се опуштиме, препуштиме на одморање и да се чувствуваме подобро. На прегратка, на бакнеж и на држење за рака. На сите оние убави чувства кои нѐ мотивираат да бидеме уште посигурни во себе и кои ни даваат ветар во грб за да ги оствариме зацртаните цели.

И затоа, ајде да имаме време!

Како што знаеме, за сѐ што е добро е потребно време. Па така и за вистинското домашно Гранд кафе! Тоа домашно, свежо мелено кафе бара време за да го подготвиме и да се опуштиме со него. Шолјата кафе е асоцијација за уживање во животот, енергија, емоција, а пред сѐ на драгите луѓе. Ајде да останеме блиски, да негуваме и градиме односи. Ајде да имаме време за она што е навистина важно!

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...