Coffee time is any time

Уживај во вкусот на омиленото кафе и стани Гранд милионер!

Кој е најлесниот начин да се стане милионер? Инвестирањето во недвижнини секогаш се исплати но е исклучително скапо хоби, купувањето на хартии од вредност е недоволно сигурна инвестиција, а криптовалутите се и понатаму многу нестабилни и за инвестирање во нив е потребна доза на храброст, но и трпеливост. Заборавете на сите овие работи! Најлесниот начин да станете милионер е да го пиете вашето омилено Гранд кафе и да учествувате во новата наградна игра.

Гранд милионер

„Стани Гранд милионер“ е наградна игра која втора година по ред се одржува во Македонија, преку која илјадници луѓе добија вредни награди, а неколку од нив станаа и првите Гранд милионери. А сега, имате шанса и вие да станете еден од нив!

Започнувајќи од 16.08 па се’ до 15.12.2021, секој кој ќе купи 200г. пакување од Grand Gold, Arome или Strong во внатрешноста на пакувањето може да пронајде код со кој може да учествува во наградната игра „Стани Гранд милионер“. Секој што учествува во наградната игра ќе добие можност да освои вредни дневни награди секој ден, а секој месец најсреќниот ќе добие главна награда од 1.000.000 денари! Звучи забавно, нели? Но, како да учествувате во наградната игра?

Во внатрешноста на секое пакување Grand Gold 200gr, Grand Aroma 200gr и Grand Strong 200gr, на самата амбалажа е втиснат шестоцифрен код кој лесно ќе го забележите. За да учествувате во наградната игра „Стани Гранд милионер“, се’ што треба да направите е да го испратите кодот на веб-страната www.grandkafa.mk или преку СМС на бројот 149 941. Навистина е толку лесно!

Во текот на наградната игра, Гранд секој ден ќе доделува по 5 дневни награди, а секоја исправна недобитна пријава за дневна награда ќе учествува и во извлекувањето за една од четирите главни награди. Датумите за извлекување на четирите Гранд милионери се: 16.09, 16.10, 16.11 и 16.12.2021.

Време е да се упатите кон најблискиот локален маркет, да купите 200 грама од вашиот омилен Гранд производ и да го сварите омиленото, милионерско кафе. А потоа – пронајдете го кодот и испратете го преку веб или СМС. Можеби токму вие сте новиот Гранд милионер!

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...