Coffee time is any time

Познат е првиот Гранд милионер за оваа година!

Што се случува кога имате доверба во вашето омилено кафе и го пиете секој ден? Тоа ви ја возвраќа довербата и ве наградува, како што беше случајот и со првиот извлечен добитник на главна награда од наградната игра „Стани Гранд милионер“.

Велат дека за среќа е потребно малку. Понекогаш тоа е пиење на шолја од омиленото свежо мелено кафе и уживање во неговите мирис и вкус, а понекогаш дури и добивање на неочекувана награда која ќе ве направи побогати без посебен труд. Во некои случаи – овие две работи се поврзани… Почнувајќи од 16.08 па се’ до 15.12 оваа година, секое купување на Гранд кафе од 200 грама може да ви донесе еден куп вредни награди, па дури и да ве направи милионер!

 Гранд милионер

Ивана од Скопје ја имаше честа да стане првиот Гранд милионер годинава! Испраќањето  на кодот пронајден во внатрешноста на амбалажата од нејзиното омилено кафе, за неа резултираше во освојување на една од четирите главни награди од наградната игра „Стани Гранд милионер“.

„Отсекогаш купуваме и редовно пиеме Гранд кафе, а мене лично најмногу ми се допаѓа неговиот мирис и вкус. Идејата да учествувам во наградната игра ми ја даде мојата баба. Таа ме натера да испратам кодот. Си реков, кога веќе и онака купувам Гранд кафе, зошто да не се обидам да испратам барем еден код? И ете, ми се посреќи…“, раскажува Ивана, првата добитничка на една од четирите главни награди во парична вредност од 1 милион денари.

Линк: https://www.facebook.com/grandkafa/posts/4715764845114117

Во внатрешноста на секое пакување Grand Gold 200gr, Grand Aroma 200gr и Grand Strong 200gr, на самата амбалажа е втиснат шестоцифрен код кој лесно ќе го забележите. За да учествувате во наградната игра „Стани Гранд милионер“, се’ што треба да направите е да го испратите кодот на веб-страната www.grandkafa.mk или преку СМС на бројот 149 491. Навистина е толку едноставно!

„Морам да признаам дека воопшто не ја очекував наградата. Кога ме извлекоа уште спиев и не знаев што попрво  – дали да верувам дека тоа вистински ми се случува, дали да им кажам на моите најблиски, дали да кројам планови како да ги потрошам парите? Сега, кога се уверив дека е вистина, сум пресреќна. Пијте Гранд кафе и испраќајте кодови, бидејќи можеби токму вие сте следниот Гранд милионер!“, додава Ивана.

Секој ден до крајот на наградната игра ќе бидат извлекувани по пет добитници на мали куќни апарати, а преостанатите три главни награди со поединечна вредност од 1.000.000 денари ќе се извлекуваат секој 16-ти од месецот, до самиот крај на годината. Пиењето на кафе во наредниот период ќе има различен вкус, збогатен со желбата и шансата да се стане милионер! Испратете пријава, испијте го вашето омилено кафе и станете Гранд милионер!

Повеќе информации на www.grandkafa.mk

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...