Coffee time is any time

Извлечен е вториот Гранд милионер за оваа година!

Втора година по ред, вашето омилено кафе ве наградува за лојалноста и ви ја дава можноста да добиете 1 милион денари, преку наградната игра „Стани Гранд милионер“! Откако минатиот месец беше скршен мразот со првиот, овој месец беше извлечен и вториот Гранд милионер. Вториот милион замина во скопската населба Ѓорче Петров, каде еден вообичаен љубител на кафе охрабрен од своето семејство учествуваше во наградната игра и стана Гранд милионер!

И оваа година, Гранд кафе на неколкумина среќни љубители на кафе им нуди милион причини за радост! „Стани Гранд милионер“ е наградна игра која втора година по ред се одржува во Македонија, преку која стотина луѓе добија вредни награди, а неколку од нив станаа и првите Гранд милионери.

Извлечен е вториот Гранд милионер за оваа година!

Најновиот Гранд милионер, кој беше извлечен на 16-ти овој месец, е Исмет Битиќ од Скопје. Со испраќање на еден обичен код пронајден во внатрешноста на амбалажата на неговото омилено кафе, Исмет успеа да освои една од четирите главни награди од наградната игра „Стани Гранд милионер“.

„Во домот живееме четворица љубители на кафе: жена ми (која е вистински кафеман), двете возрасни ќерки и јас. Значи, кај нас кафе се пие секогаш! Затоа и редовно учествував во наградната игра ‘Стани Гранд милионер’ – бидејќи секој ден отвораме ново пакување и секој ден испраќаме нов код. Пратив десетина, можеби и дваесет кодови додека да ме извлечат. И да знаете дека ќе продолжам да праќам и понатаму!“, вели Исмет Битиќ од Скопје, вториот добитник на главна награда од овогодинешната наградната игра на Гранд кафе.

Линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=776230780443227  

„Кога се работи за кафе, последниве десет години кај нас дома постои само еден избор – Гранд. Јас и ќерките го пиеме Grand Gold, а мојата жена е особен љубител на Grand Strong. Едноставно е, се имаме навикнато на омилениот вкус и не би го менувале за ништо на светот!“, додава Исмет.

Во внатрешноста на секое пакување Grand Gold 200gr, Grand Aroma 200gr и Grand Strong 200gr, на самата амбалажа е втиснат шестоцифрен код кој лесно ќе го забележите. За да учествувате во наградната игра „Стани Гранд милионер“, се’ што треба да направите е да го испратите кодот на веб-страната www.grandkafa.mk или преку СМС на бројот 149 491. Навистина е толку едноставно!

Секој ден до крајот на наградната игра ќе бидат извлекувани по пет добитници на мали куќни апарати, а преостанатите две главни награди со поединечна вредност од 1.000.000 денари ќе се извлекуваат секој 16-ти од месецот, до самиот крај на годината. Пиењето на кафе во наредниот период ќе има различен вкус, збогатен со желбата и шансата да се стане милионер! Испратете код, испијте го вашето омилено кафе и станете Гранд милионер!

Повеќе информации на www.grandkafa.mk

Можеби ќе ве интересира
Коментари
Loading...