Изложба нa академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата во Прилеп

0

Во тек е изложбата “Тектонски пореметувања – 2” од академскиот визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата која беше отворена на 20-мај во Ликовната Галерија на Националната Установа Центар за култура”Марко Цепенков” – Прилеп. На изложбата се поставени над шеесетина дела а љубителите на уметноста ќе можата да ја видат до 2 јуни 2022 година.

Зоран Арсовски – Бабата е роден во Куманово 1980 година. Има Дипломирано и Магистрирано на Националната Ликовна Академија во Софија на катедрата за визуелни уметности насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Има реализирано 14 самостојни изложби од кои дел се пред Меѓународната ликовна сцена, учествувал на повеќе групни изложби, ликовни колонии, проекти, работилници и симпозиуми во земјава и странство. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). За својата работа има добиено повеќе награди и признанија.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметноста која за делата на Арсовски кажа:

Загрозувачкиот антропоцентричен однос на човештвото кон природата во светски рамки ги доведува во прашање иднината и севкупниот опстанок на човекот и животната средина. Несовесното користење на природните ресурси за создавање на прогресивно општество и постигнување брз напредок во индустријата и технологијата предизвикуваат – загадување на чистата вода и воздух, опаѓање на плодноста на земјата, масовна екстинција на разни растителни и животински видови, како и појава на климатски промени со разорна моќ. Ослободувањето на токсичните материи и гасови кои се создаваат како резултат на спалувањето на големо акумулираниот текстилен отпад во депониите, претставува пример кој ја потврдува деструктивната тенденија на човекот и неговиот неодговорен пристап за наоѓање на инвентивни решенија за справување со последиците од масовното производство. Многубројните интервенции на одредени групи кои застапуваат модерни концепти и наративи за заштита на разните екосистеми наликуваат на донкихотски подвизи кои најчесто резултираат со мали и краткотрајни успеси.

Претставувајќи го раздорот и декадентниот процес на живиот свет преку разградувањето на формата во композицијата и создавањето на апстрахирани и експресивни асоцијативни облици со ликовните елементи – боја и линија,  академскиот уметник Зоран Арсовски активно учествува во будењето и развивањето на еколошката свесност и етика на поединците во општеството.  Непостојаните експресивни и апстрахирани форми потсетуваат на деградирани антропоморфни, зооморфни и фитоморфни облици. Преку меѓусебното претопување на слободните форми со интензивни боени нијанси се создаваат дурски или молски хармонични премини, како и разни визуелни ликовни ефекти кои потсетуваат на фрагменти од органски материи. Со обезличувањето на редуцираните форми и нивната континуирана преобразба од еден облик во друг, уметникот Арсовски создава ликовна метафора за регенеративната способност на органската материја и вонвременскиот еволутивен процес во природата.

Преку немото набљудување на – мутациите на разновидните организми кои предизвикуваат разни заболувања, изумирањето на многубројните видови во природата, појавата на зголемената загаденост на воздухот и водата како резултат на создавањето големо количество на индустриски отпад, човекот постанува активен учесник и сведок на неправедното уништување на Земјата, надминувајќи ги капацитетите за одржувањето на нејзината рамнотежа. Рефлектирајќи го деформираниот одраз на природата и портретирајќи го безизразниот анонимизиран човечки лик, уметникот Арсовски потсетува на вистинските вредности кои на современиот човек му даваат смисла и животни цели: создавање на подобра иднина за генерациите кои доаѓаат, сочувување на биодиверзитетот и обезбедување услови за стабилна клима.

Автор на текст: Викторија Димеска, Историчар на уметност

Comments are closed.

adana escort - adana escort bayan - mersin bayan escort - escort mersin - escort adana