РЕЦЕПТИ

Готвиме со Фичо – Предлози за брзи и лесни сосови за повкусни јадења

Во услови кога сме дома и имаме ограничени ресурси со рецепти кои се повторуваат, познатиот готвач Филип Поповски Фичо дава идеи како да се направи поинтересен вкусот на јадењата. Неговата замисла е преку комбинирање на рецептите со сосови направени од Битолска павлака да се даде идеја за лесни и брзи, а вкусни рецепти кои ги надополнуваат главните јадења, а го збогатуваат вкусот на закуските.

Сите што се заинтересирани рецептите може да ги проследат на социјалните медиуми и дигиталните канали на Готвиме со Фичо и Бимилк, да ги испробаат приготвувајќи ги заедно со семејството, да се забавуваат додека се дома и да уживаат во вкусните рецепти и закуски подготвени со Битолска павлака.

Back to top button
Close