“Мими е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Се запознава со eкстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. Мими е филм за површноста, и лажните фасади што ги покажуваме пред другите.” – изјави Даријан Пејовски, режисер на филмот.
“Во вакви тешки денови за целата индустрија и културно-уметничка сцена, кога секојдневно сме сведоци на откажување и одложување на проекти, од суштинска важност е да се нагласи поддршката која ја добивме од Агенцијата за Филм на Р.С.М. И покрај ситуацијата со Ковид-19 во која се наоѓаме, Агенцијата продолжи континуирано да поддржува проекти од национален интерес, придонесувајќи кон одржувањето во живот на нашата филмска фела и сите филмски работници кои се дел од неа.” – изјави Томи Салковски, продуцент на филмот. “Верувам дека заедно со целиот тим ќе успееме повторно да испорачаме одличен продукт пред љубителите на македонскиот современ филм.”– дополни тој.