Coffee time is any time

Еко-Свест: За педесет години во земјава ќе настане суша потребно е итно делување за влијанието од климатските промени

Поради климатските промени, сите земји што и се потписнички на Парискиот договор, се обврзани да работат кон тоа да глобалната температура да не порасне повеќе од 2 степени Целзиусови. Тоа подразбира дека согорувањето на фосилни горива, лигнит, јаглен, нафта, гас и така натаму треба полека да се напуштат и да се помине кон еден декарбонизиран систем на обновливи извори, како ветер, сонце, во одредени услови тоа е и хидро-енергијата, итн.

– Во нашата земја тоа го почувствувавме оваа сезона, особено со тоа што гледаме дека ние немаме сезона на дождови оваа година, што значи поради порастот на глобалните температури страда земјоделието, страда туризмот и ќе страда и понатаму безбедноста на нашите домови затоа што нашите градови не се изградени за да можат да функционираат во услови на високи температури или екстремни временски услови, велат од Еко-Свест.

За нашиот регион предвидувањата се дека температурите ќе растат, а овие области да се претворат во пустина, за околу педесет години од сега. Меѓутоа овие проекции не се точни, бидејќи тоа не е егзактна наука, сепак се само проценки врз основа на податоци кои што во моментов ги имаме и врз основа на мерки кои што во моментов се предвидени да се преземат.

– Ако ова го знаеме, тоа значи дека ние како граѓани сме тие кои што ја имаме обврската да ги разбудиме носителите на одлуки да ги прилагодат законите на климатски промени и да се обидат да ги намалат емисиите со овозможување и олеснување на процес на праведна транзиција, прво во регионите со јаглен, а потоа и во сите региони кои што ги трпат последиците од климатските промени, додаваат од Еко-Свест.

Исто така треба да се направат и промени во регионите кои што се ранливи на климатските промени, односно регионите како Југозападниот, кој е регион кој живее од туризам и во иднина нема да може да живее од туризам, можеби ќе треба да се пренасочи кон други поодржливи гранки на туризам како гастрономија, како рурален туризам, алтернативни форми на туризам. Тоа значи дека како земја треба да ги адаптираме нашите економски активности на моменталните услови и условите кои во иднина ги очекуваме да се случат. Важно е државата да постави таргети, условите се веќе поволни, треба само политичка волја да се тоа почне за побргу да се развиваат работите.

Еко-Свест работи на забрзување на енергетската транзиција заради ублажување на климатските промени преку проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија“ финансиски подржан од CEE Bankwatch Network, како и во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени“, спроведуван од Еко-Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европска Унија.

Можеби ќе ве интересира