Coffee time is any time

Денови на вашето милениче денеска во Градски парк, утре во ЗОО Скопје

Традиционалниот културно-забавен настан “Денови на вашето милениче” се одбележува денеска и ќе трае до утре. Настанот започнува денеска од 11 часот во Градски парк поточно во паркот за миленици, а утре во Зоолошка градина и е организиран од здружението ИВСА-Скопје во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, поддржано од Град Скопје.

Денови на вашето милениче

Ги покануваме сите љубители на милениците да земат учество на настанот денеска, сабота во Градски парк од 11 до 16 часот, како и утре, недела, од 11 до 16 часот во ЗОО Скопје. Ние како организација промовираме одговорно сопствеништво со тоа што го едуцираме здравјето на милениците, комплексноста на потребите на животните и нивното здравје и благосостојба, како и поврзаноста на здравјето на животните со здравјето на луѓето, вели Неда Кузмановска, претседателка на ИВСА-Скопје.

Денови на вашето милениче

Утре, недела од 11 часот ќе се одржат предавања од проф. д-р Јована Стефановска – Паразити кај домашните пратеници, проф. д-р Пламен Тројачанец – Кастрација и стерилизација на домашните миленици, проф. д-р Влатко Илиески – Благосостојба на животните, едукативно шоу со Војо Иванов – Херпетологија/терариум и поважни болести, како и Здружението Еко-Свест – Климатски промени.

Денови на вашето милениче

Можеби ќе ве интересира