ЗАБАВА

Дамите го заслужуваат најдоброто, а тоа е Владо Јаневски – Чаирскиот романтичар на ексклузивен концерт во Intermezzo Music Bar

По незаборавната вечер со Павле Камилоски, Intermezzo Music Bar продолжува со исто темпо – гостување на врвна ѕвезда, а за убав повод. Овој пат во чест на празникот на дамите (8 Март) е закажан ексклузивниот концерт на чаирскиот романтичар, сопственикот на најубавите балади и човекот чиј глас никого не остава рамнодушен, единствениот Владо Јаневски.

Настапот на неповторливиот Владо, кој деновиве е актуелен со одличната балада „Недостасуваш“ е закажан за в недела, со почеток во 20 часот. Интересно е дека освен што неделниот настап ќе биде премиерна изведба на новата песна, всушност ќе биде и едно сосема поинакво издание на Владо бидејќи неговиот настап е дел од серијалот најавени камерни концерти во Intermezzo Music Bar.

„Камерните концерти веќе стануваат наш заштитен знак и се дел од богатата музичка програма која ја одбираме и подготвуваме со големо внимание. Нашата интенција е да ги задоволиме вкусовите на сите драги гости и пријатели“, велат од најдобриот и единствениот музички бар во градот.

И како што би рекол Владо во една од своите балади – Не чекајте некој да ви дојави, едноставно бидете дел од најдобрата забава во градот – недела 20 часот Intermezzo Music Bar. Не пропуштајте ја можноста заедно да бидеме евергрин, љубов без почеток и крај… ко златен круг…

Влезниците се по цена од 300 денари, а нивниот број е ограничен.

Back to top button
Close