Атлантик Група: Значаен раст на приходите и профитабилноста

0

Растот е одраз на одличните продажни резултати, кои беа забележани по подобрувањето на епидемиолошката ситуација на сите пазари и намалувањето на рестрикциите, особено во ХоРеКа каналот.

Атлантик Група

Атлантик Група во текот на првото тромесечие од 2022 година забележа приход од продажба во износ од 185,5 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 11,3%. Заработката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) изнесува 24 милиони евра, што е за 7,1% повеќе отколку во првиот квартал од 2021, а сличен раст од 7,2% е остварен и кај нето добивката, која изнесува 12,1 милиони евра. Почетокот на годината го одбележа избивањето на воениот конфликт во Украина, но со продажбата на брендот за детска храна Беби во 2021 година, Атлантик Група значително ја намали изложеноста во Русија и на останатите засегнати пазари, така што воените случувања не влијаат директно на работењето на компанијата.

„Атлантик Група во првиот квартал од 2022 година оствари значаен раст на приходите и профитабилноста, и покрај предизвиците со кои се соочуваше. Растот на приходите примарно е одраз на одличните резултати од продажба на сопствените брендови и принципалите, благодарение на подобрата епидемиолошка ситуација на сите пазари и олеснувањето на пост-пандемските мерки, особено во ХоРеКа каналот. Дел од порастот на приходите се однесува исто така и на покачувањето на продажните цени поради значајно големото поскапување на клучните суровини, амбалажните материјали, енергенсите и услугите. Продолжуваме внимтелно да го следиме развојот на ситуацијата и ги преземаме сите расположливи мерки за намалување на ризикот во новонастанатите околности. Очекуваме дека 2022 година во продолжение ќе донесе нови предизвици, а наши темелни приоритети и понатаму се непреченото производство и услуга на нашите купувачи и потрошувачи, одржување на работните места и вработените, како и понатамошно вложување во општествена одговорност во најширока смисла“, истакнува претседателот на Управата на Атлантик, Емил Тедески.

Фармација, Пијалоци и Кафе со предност на пазарот, дистрибуцијата се шири

Најголем раст од 22,7% оствари стратешко деловното подрачје Пијалаци, чиј водечки бренд е Цедевита, додека медицинскиот ланец Фармација оствари значитечен раст од 20,6%, слично како и деловното подрачје Кафе, кое порасна за 15,1%. Со продажба во вкупен износ од 38,1 милиони евра и носечките брендови Гранд кафе и Баркафе, кафето се истакнува како поединечно најголема категорија во Атлантик Група со удел од 20,6% во вкупниот профит.

Во дистрибутивното работење во првиот квартал предност забележува пазарот Словенија со раст од 12,1%, потоа Хрватска со 11,3% и Србија, со раст од 10,7%. На крилата на одлично сработената дистрибутивна работа се шири и дистрибутивното потрфолио, пред сè поради соработката со новиот принципал Intersnack (Chio) во Србија, но и поради најавата за проширување на успешната соработка со Ред Бул во Србија и на територијата на Северна Македонија. Екстерните брендови во вкупната продажба на Атлантик Група учествуваат со 26,9%, сопствените брендови со 62,7%, а Фармација сочинува 10,4% приходи од продажба.

Од поважните корпоративни случувања вреди да се истакне како Надзорниот одбор на компанијата во јануари беше проширен од дотогашните седум, на девет членови. Составот на ова тело го засилија др. Весна Невистиќ, искусен експерт од полињата банкарство, процеси на реструктуирање и корпоративен развој, како и Зоран Вучиниќ, докажан глобален менаџер со исклучително успешна меѓународна кариера на подрачјето на роба од широка потрошувачка.

Comments are closed.

adana escort - adana escort bayan - mersin bayan escort - escort mersin - escort adana