Coffee time is any time

А1 Македонија со нови бенефити за сите корисници на мобилната телефонија

Со A1 Go Social неограничено сурфање и на Twitter без трошење дополнителен интернет

А1 Македонија ја надополнува понудата за сите свои корисници на мобилната телефонија и на листата во A1 Go Social пакетот ја додава атрактивната социјална мрежа Twitter со што корисниците добиваат можност за неограничено сурфање без притоа да трошат дополнителен интернет.

А1 Македонија со нови бенефити за сите корисници на мобилната телефонија

Имено, со активација на A1 Go Social, корисниците можат неограничено да сурфаат на омилените социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошат дополнителен интернет, а од денеска оваа листа е збогатена и со популарниот Twitter. А1 Go Social е достапен за активација на корисниците на тарифните модели од А1 Neo и A1 Neon преку апликацијата Мојот А1 како и преку порака, со SMS текст START SOCIAL на 140400 веб- страницата на А1 Македонија www.A1.mk

За при пејд корисниците, пакетот A1 Go Social е достапен за активација со SMS текст START на 1499 или преку апликацијата Мојот A1. Пакетот А1 Go Social во припејд вклучува и дополнителен 1GB интернет и е достапен за претплата од само 119 денари неделно.

Со оваа понуда, А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба за креирање понуди прилагодени за потребите на секој корисник, овозможувајќи најдобра вредност, врвно корисничко искуство, неограничена комуникација и многу забава.

Повеќе информации за најновата понуда можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Можеби ќе ве интересира