ЉУБОВ И СЕКС

4 типа на мажи, еве кои да ги одбегнувате

Многу жени не можат да ја прекинат врската, дури и ако се несреќни во неа. Врска која не е среќна од самиот почеток, нема да стане поубава по неколку месеци, еве зошто е добро да се избегнуваат неколку типа мажи со кои немате иднина. На прво место се женетите.

Тие ќе сторат сè за да ве убедат дека не сакаат да се со својата сопруга и ќе ја остават заради вас. Дури и ако му верувате, не останувајте со него, додека тој се уште е во брак. Прекинете ги односите навреме.

Поранешниот дечко на пријателка е втората забранета зона за флерт.
Ако станува збор за дечко пред години, кон кого таа нема никакви задржани чувствува длабоко во себе, тогаш е добро. Уверете се дека вашата пријателка не чувствува ништо кон него пред да започнете било какви односи. Ако тој се уште е нејзината голема љубов, бегајте подалеку, бидејќи пријателството секогаш е поважно од една врска, особено она чија иднина е неизвесна.

Вашиот поранешен исто така не е за занемарување. Штом веќе не сте заедно, значи имало причина за тоа. Ако има радикална промена во него или во вас, има шанса нешто да се промени, но ако сè е постарому, врската ќе заврши како и првиот пат. Лесно можете да дознаете дали избраникот уште таи скриени желби за поранешната девојка. Обично такви мажи или многу зборуваат за неа или ја избегнуваат темата. Зошто сакате да сте со некого, кој е со вас, само за да го заборави минатото.

Back to top button
Close