Зошто не треба да ги фрлате филтер кесичките од чај?

ЗАНИМЛИВОСТИ

Една ќесичка чај е еднаква на еден филџан чај и откако ќе ја искористиме, обично ја фрламе во ѓубре.

Но, ќесичката можете да ја искористите, на пример, за да го подобрите вкусот на вашата храна.

Освен што ви дава здрав напиток, оваа ќесичка може да ви помогне многу повеќе. Можностите за искористените кеси од чај се бесконечни, а еве неколку:

Докажано е дека чајот има корисен ефект врз сите видови убоди од инсекти. Трикот со кој трајно ќе се решите од чешањето и црвенилото е прилично едноставен: ставете ја веќе употребената кесичка во фрижидер и оставете да се олади.

Потоа извадете ја и ставете ја кесичката врз убодот.

Искористената ќесичка повторно зовријте ја во вода, а потоа со водата полијте ги цвеќињата.

Ставете ги искористените ќесички чај во плакарите, полиците, оставата, кујната … на секое место кое мислите дека треба да се освежи или би можело да се појават инсекти.

Ставете една ќеса во вашиот фрижидер за да избегнете непријатни мириси од храна.