Златно Славејче, ЏП и Стефонатор, RHCP Real Tribute и 2 Бона на Summerland

ЗАБАВА

Фестивалот „Summerland” кој секојдневно се одржува во Градски Парк и овој викенд нуди забавна програма за сите возрасти.

За најмалите, од 19:00 вечерва ќе настапат „Златно Славејче“, а по нив и омилените детски јутјубери ЏП и Стефонатор.

Во 21:00, во летното кино, посетителите ќе може да го погледнат македонскиот филм „Џган“.

Утре од 22:00, на Школка ќе настапи најдобриот европски трибјут на Red Hot Chilli Peppers, а во недела, македонските рапери 2 Бона и Дј Че.

Фестивалот трае до 28 јули, а ќе го затвори етно групата Љубојна.