in

Светот пред 25 години остана без кошаркарскиот Моцарт, Дражен Петровиќ (видео+фото)

Денес се навршуваат 23 години од прераната смрт на најголемиот кошаркарски талент на поранешна Југославија и на Хрватска, „кошаркарскиот Моцарт“Дражен Петровиќ, кој на денешен ден загина во собраќајна несреќа во Германија.

Се се случи на 7 јуни 1993 година на автопатот кај Инглоштад, кога автомобилот со кого управуваше неговата девојка Клара удри во камион. Дражен настрада на лице место…

Веста за трагедијата брзо се прошири, светот остана без „кошаркарскиот Моцарт“.

Денеска 25 година подоцна, имаме шанса повторно да се потсетиме на се што направи во својата богата кариера, која за жал ја заврши на трагичен начин.

Дражен на 15 години заигра во првиот тим на Шибенка со која освои титула во силното првенство на Југославија.

Со репрезентациите на Југославија, а по распаѓањето на оваа држава и под знамето на Хрватска освои бројни светски одличја.

На врвот на Европа се искачи и во дресот на Цибона и на Реал, а кариерата ја продолжи и во НБА најнапред во Портланд, па во Њу Џерси. Во таборот на „цибоси“ остана до 1988 година, кога потпиша за Реал Мадрид, а потоа дојде и очекуваното заминување во НБА-лигата.

Играше за Портланд од (1989-1991), а потоа во Њу Џерси каде беше најдобар стрелец. Во негова чест од клубот го повлекоа дресот со бројот 3.

Кога во прашање е репрезентативната кариера, со Југославија во 1989 стана шампион на Европа, најдобар играч на првенството, а година подоцна се радуваше на светската титула.

Со Хрватска во 1992 година играше финале на Олимписките игри, против Мајкл Џордан и
„Дрим тимот“ кога го освои сребрениот медал.

Неверојатно е тоа што личната карта на Дражен Петровиќ која била извадена на 7 јуни 1983 година имала важност од 10 години, односно точно до денот на кој загина кошаркарскиот Моцарт.

https://www.youtube.com/watch?v=HLlPtBsGbYo

Напишете коментар

Loading…

0

Коментари

0 коментари