in

Кафе и млеко – Многу лоша комбинација… Еве и зошто (фото)

Дали некогаш сте се запрашале и во која мерка, намирниците кои содржат лактоза и/или кофеин се штетни за организмот?

Ова се мисли, дали во кафето ставате млеко или друг производ што содржи лактоза?

Нетолеранцијата на лактоза е невозможност или намалена способност на варење на млечниот шеќер – лактоза. Лактозата со помош на ензимите на лактаза во дигестивниот тракт се разградува на составни делови.

Ако во организмот недостасува лактаза, неразградената лактоза стигнува во дебелото црево каде создава киселина и гасови.

Несварената лактоза може да предизвика спектар на симптоми и тоа во рок од 30 минути до 2 часа по конзумирањето на млечниот производ.

Симптомите може да варираат од благи до тешки, а вклучуваат тешкотии како болка во стомакот, грчеви, надуеност, мачнина, проблеми со дијареа, што значајно влијае на квалитетот на човечкиот живот.

Доколку ги имате горе наведените симптоми по конзумирањето на млеко или млечни производи, секако треба да направите тест на нетолеранција на лактоза.

Резултатите на таквиот тест овозможуваат што порано да се воведе адекватна исхрана која би ги намалила дигестивните тешкотии.

Кофеинот е основната активна состојка на кафето, но може да се најде и во какао, чај, и сродни хранливи препарати како што се чоколада, сокови, енергетски пијалоци и во некои лекови.

Доколку го користите кофеинот во мали количини, тој ќе ве разбуди и според многу истражувања влијае позитивно на здравјето на човекот.

Но, доколку конзумирате кофеин во поголеми количини мора да знаете дека тој може да има токсичен ефект.

Лицата со полиморфичен ген CYP1A2 имаат забавен метаболизам од кофеинот и со самото тоа и поголем ризик од настанување на срцев удар.

Доколку спаѓате во оваа група, две до три шолји кафе ќе го зголемат ризикот за три пати, а такви резултати се забележани посебно кај лицата помлади од 59 години.

Секој може да ја прилагоди количината на земено кафе и на тој начин да живее здраво.

Напишете коментар

Loading…

0

Коментари

0 коментари