Заборавени дестинации

ПАТУВАЊЕ

Туркменистан

Повеќето од вас сигурно дури и не слушнале за ова место. До таму дефинитивно не се доаѓа лесно. Има доста административни пречки кои треба да се надминат. Но шуплините се исполнети со живот, има многу дива природа и неколку пустини. Сигурно Туркменистан ќе се пристори како шлаг на тортата на секој фотограф.

Молдавија

Нацијата на оваа земја е многу мала и сиромашна – повеќето жители немаат скршена пара. Но тука ги одгледуваат некои од најдобрите лозја. Ако сакате да пиете од најдобрите вина, тогаш Молдавија е вистинското место за вас. Освен тоа молдавската култура е уникатна и вреди да ја запознаете.

Маршалски Острови

Маршалските Острови – еден помалку населен регион со слабо развиена инфраструктура, може и да изгледаат како дестинација која не вреди да ја посетите. Но ако ги тргнете недостатоците, ќе најдете некои од најубавите плажи, лагуни и корали. Морето едноставно е сино и кристално.

Таџикистан

Таџикистан е друга земја, до која не може да се дојде лесно. Останала надвор од вниманието поради оддалеченоста, оваа мала нација ужива со помалку од 5000 посетители годишно. Но Таџикистан е мирно место со преубави и како на разгледница планини и сјајни езера. Освен природните убавини, вреди да ја запознаете и културата. Таа претставува пријатна мешавина од различни религии. Земјата нуди и некои од најживописните патишта.