За љубителите на балетот – Наскоро претставата Дон Кихот во НОБ!

КУЛТУРА

Балетот „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус ќе биде изведен на 6 декември 2019 година на големата сцена на Националната опера и балет.

Кореограф на оваа украинско-македонска копродукција е Виктор Јаременко, уметничкиот директор на еден од трите најпознати балетски ансамбли во светот – Балетот во Киев, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева, a oркестарот од пултот ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

Волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу. Балетско дело поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатиот Don Q pass de deux, кој дава акцент на целата претстава.

Во главните улоги настапуваат: Китри: Марија Кичевска Шокаровска, Базил: Васил Чичијашвили, Дон Кихот: Александар Петковски, Санчо Панса: Лора Тарчуговска.

Чешкиот композитор и виолинист Лудвиг Минкус (1826-1917) напишал неколку популарни балети, а речиси сите од нив, а особено балетот „Дон Кихот“ и денес се изведувани низ целиот свет. „Дон Кихот“ е балет во три чина базиран на познатиот истоимен роман од Мигел де Сервантес.

Во него Минкус се покажува како одличен балетски мајстор и познавач на танцовиот стил. Во музиката, полна со мелодичност, силен ритмички пулс и чисти хармонски структури тој јасно го одразува духот на своето време.