Coffee time is any time

Во среда се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Оваа среда стартува новата сезона на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“.

Поради необично топлото време за овој период од годината, отворањето беше малку одложено, но од 04.12, љубителите на зимските спортови и рекреативното лизгање конечно ќе може да се забавуваат во своето омилено зимско катче.

Вистинскиот мраз, направен по светски стандарди, како и условите кои ги пружа лизгалиштето се идеални за и оваа зима посетителите да уживаат во хокеј, уметничко и рекреативно лизгање.

Можеби ќе ве интересира