(Видео) Тажна вест за љубителите на серијата ,,Игра на тронови,,

ВИДЕАЗАБАВА

Пред само неколку дена започна последната сезона на мега популарната серија “Игра на тронови” и тоа по 2,5 години пауза.

Во меѓувреме, студентите по компјутерски науки на Техничкиот универзитет во Минхен развија апликација која предвидува кои ликови ќе преживеат.

Раководителот на проектот објаснува дека веројатноста за преживување се мери врз основа на анализа на должината на нивниот живот.

Се користат податоци за интернет и компјутерски алгоритми. Вториот наликува на научниот пристап што се користи за да се утврди ефектот на различните лекови во третманот на болести.

Во врска со целиот серијал еве неколку работи кои можеби не сте ги знаеле…

  • Првата епизода на „Игра на тронови“ е емитувана на 17 април 2011.
  • Серијата се прикажува во 207 држави и територии.
  • Првата сезона имаше во просек 9,3 милиони гледачи во САД, а седмата – 32,8 милиони.
  • Осумте сезони се снимани во 10 држави: Северна Ирска, Република Ирска, Мароко, Малта, Шпанија, Хрватска, Исланд, САД, Канада и Шкотска. Во Северна Ирска се користени дури 49 локации.
  • Во првите седум сезони, серијата имаше 132 номинации за Еми (47 освоени) и седум за Златен глобус (една победа).
  • Осмата сезона има само 6 епизоди, но четири од нив ќе траат дури по 80 минути.

Само новата сезона е снимена со буџет од 90 милиони долари.