(Видео) Таа е најсигурната држава во светот, а има само 37.000 жители!

ПАТУВАЊЕ

На површина од 160 квадратни километри, се наоѓа државата Лихтенштајн и спаѓа во групата на најмали, но по многу нешто и најубави држави во светот со само 37.000 жители.

Во Лихтенштајн речиси и да нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има само неколку затвореници. Секој кој е осуден на казна затвор подолго од две години, ја отслужува во Австрија.

Луѓето во оваа земја се чувствуваа толку сигурно, што голем број луѓе дури и не ја заклучуваат влезната врата.

Еднаш годишно сите жители се канат на забава, односно на пиво, во дворецот Вадуз.

Пред пет години, можеше да се изнајми цела држава на една ноќ. Имено, во соработка со сервисот Airbnb се нудеше простор за сместување на 150 гости, дегустирање вино со принцот и креирање персонализирани парични валути, со привремен карактер.

Тоа задоволство чини 70.000 долари. Химната на Лихтенштајн “Oben am jungen Rhein” има потполно иста мелодија како химната на Велика Британија “God Save the Queen”.

Официјален јазик е германски, но жителите не го зборуваат овој јазик. Повеќето се служат со алемански говор, кој е поразличен од германскиот говор. Се до 1984 година, поради три неуспешни референдуми, жените во Лихтенштајн не можеа да гласаат.

А, референдумите беа неуспешни токму затоа што само мажи гласаа за правата на жените. Успешен бил дури четвртиот обид кога 51,3% гласале за.