in

(Видео) Смеење до солзи – Роналдо се појави во една од најлошите реклами!

Кристиано Роналдо е еден од најпопуларните спортисти во светот, а затоа своја заслуга има и маркетингот.

Роналдо стана бренд и на сите начини Португалецот од Јувентус доаѓа до пари.

Освен што добива милиони играјќи фудбал, тој има свој бренд и соработува со големи компании. Сега тој се појави во една реклама која привлече многу внимание.

Сингапурскиот „Shopee“ дефинитивно не се прослави и веројатно ја направи една од најлошите реклами видени некогаш. Многумина коментираат и дека ваков блам на Роналдо не му бил потребен.

Но како велат – и лошата реклама е добра реклама…