(Видео) Се собраа по 19 години и се фатија за работа – Култната серија ,,Беверли Хилс,, снима нови епизоди!

ЗАБАВА

Култната серија од деведесеттите, Беверли Хилс, повторно ќе ја гледаме на малите екрани.

По 19 години пауза се собра 99% од екипата во тоа време и почнаа да снимаат нови епизоди.

Серијата ќе се емитува на каналот Фокс, а оваа ТВ куќа објави и снимка од нивната средба на која Бренда (Шенон Доерти), Дона (Тори Спелинг), Брендон (Џејсон Пристли), Стив (Иан Зиринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреа (Габриел Картерис) седат околу маса, го читаат сценариото и се дружат.

Премиерата е најавена за 7-ми август, а епизодите ќе бидат инспирирани од вистинските животи на самите актери.

“Повторно се заедно по 19 години. Снимањето ќе биде уште подобра сапуница од самите нови продолженија. Што ќе се случи кога старите пријатели и првите љубови ќе се најдат на истото место?”, стои во описот на проектот.

Но, нивната средба колку што е добра, толку е и тажна поради тоа што еден од главните актери ќе недостига.

Новите епизоди ќе се снимаат без Лук Пери (Дилан) кој почина во март оваа година.

И самиот тој кога почнаа разговорите за повторна средби го негираше собирањето, Тори Спелинг изјавила претходно дека се надева дека тој сепак ќе биде дел од шоуто.