(Видео) Неколку причини зошто треба да го посетите ,,Замокот на Дракула” во Романија

ПАТУВАЊЕ

Познатиот „Замок на Дракула” е симбол во Романија и претставува еден од неколкуте локации поврзани со легендата за Дракула, вклучувајќи го замокот Поенари и замокот Хунјад.

Се наоѓа на тврдината на границата помеѓу Трансилванија и Валачја.

Во денешно време замокот е музеј отворен за туристи со изложени уметнички дела и мебел собрани од кралицата Марија.

Туристите можат да ја видат внатрешноста индивидуално или со водич.

Замокот вреди да се посети, бидејќи претставува едно инспиративно место каде може да се научи вистинската историја и да се ужива во познатите митови.