(Видео) Најава за интересни квалификации – Ферари најбрзи на последниот тренинг

ВИДЕАСПОРТ

Себастијан Фетел од Ф1 тимот на Ферари, постигна најдобар резултат на второто тренинг возење во рамките на Големата награда на Бахреин од шампионатот во Формула 1.

Втор најбрз круг извози неговиот тимски колега Чарлс Леклер. Трет заврши пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Пласман на првите десет на вториот тренинг:

1. Себастијан Фетел (Ферари) – 1.28.846 минута
2. Чарлс Леклер (Ферари) + 0.0354 секунди
3. Луис Хамилтон (Мерцедес) + 0.603
4. Валтери Ботас (Мерцедес) + 0.711
5. Нико Хулкенберг (Рено) + 0.823
6. Макс Верстапен (Ред Бул) + 0.879
7. Кевин Магнусен (Хас) + 1.154
8. Ландо Норис (Мекларен) + 1.171
9. Ромен Грожан (Хас) + 1.222
10. Даниел Квајт (Торо Росо) + 1.247.

Квалификациите започнуваат во 18 часот по македонско време.