(Видео) Фудбалскиот свет е со Синиша Михајловиќ – Објави дека боледува од најстрашната болест!

СПОРТ

Денеска е можеби тажен ден за фудбалскиот свет по информацијата дека српскиот тренер Синиша Михајловиќ боледува од тешка болест.

Михајловиќ на прес конференција организирана токму поради новите настани и случувања околу оваа страшна болест го потврди можеби она што некои го очекуваа.

Михајловиќ боледува од леукемија односно рак на крвта!.

Олеснителни околности е што болеста е откриена навреме во рана фаза и што може да се излечи.

„Кога разбрав дека имам леукемија неможев да поверувам, тоа беше тежок удар за мене. Се затворив во соба, размислував и плачев, целиот живот ми помина низ главата.

„Но, тоа не се солзи на страв, Тоа е проблем со кој ќе се соочам. И ќе го добијам овој натпревар“.

„Ја почитувам болеста, но ќе и погледнам во очи и ќе се соочам со неа. Ќе победам поради сите кои ми посакуваат добро“…

Михајловиќ во јануари по вторпат седна на клупата на Болоња како замена за Филипо Инзаги. Ја презеде екипата во незавиден момент, но успеа да го обезбеди опстанокот во Серија А.

Доби договор до 2022 година со гаранции од клубот дека ќе има вложувања во тимот.

Михајловиќ беше тренер и во Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино.

Како фудбалер, освен во дресот на Црвена Ѕвезда, играше и за Борово, Војводина, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Со тебе сме мајсторе издржи до крај, животот е пред тебе!