Вежбајте со ,,Баскет,, и имајте стомачни какви што од секогаш сте посакувале! (видео)

ВИДЕАЖИВЕЈ ЗДРАВО

Кога се споменуваат вежби за стомачи мускули, кошаркарската топка веројатно не е меѓу реквизитите за вежбање.

Личниот тренер и уредник на Менс Хелт, Бј Гадур, откри тешка но и забавна вежба за невозможното да стане возможно.

Самото движење делува едноставно. Земете кошаркарска топка, наместете се во позиција за склекови, потпрете се на левата рака, а со десната пробајте да ја водите топката.

Потпирањето на едната рака Ве прави нестабилни. Вашите рамена, колкови, долниот дел од грбот и стомачните мускули мора да работат за да го држат телото право и да воспостават баланс “, тврди Гадур.

Борејки се со топката, потребна ви е ментална и физичка сила за да ја водите топката и да одржите баланс истовремено.

Подготвени сте да пробате?

Водете ја топката со едната рака колку подолго можете, а потоа повторете ја вежбата и со другата рака.

Вежбајте се до оној момент кога ќе почувствувате дека ја губите вашата првобитна поза за вежбање.

За почеток потрудете се да издржите барем по 30 секунди.

Еве уште неколку начини како да вежбате стомачни со кошаркарска топка…. Не чекајте почнувајте веднаш!!!