Вечерва се манува цената на горивата – Ова е новата цена!

МАКЕДОНИЈА

Од ноќеска на полноќ се менува цената на горивата во Македонија.

По низата поевтинувања, РКЕ одлучи да ги зголеми цените на дериватите. Па така малопродажните цени на бензините Еуросупер-95 и Еуросупер-98 од полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, на Еуродизел за 3,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство за четити денари од литар.

Литар Еуросупер – 95 ќе чини 61,00 денар, Еуросупер-98 ќе изнесува 63 денари, Еуродизел 58,5, а Екстра лесното масло за домаќинство 47,5 денари.

За 3,573 денари поскапува и мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 29,522 денари.