Утре не одете од Аеродром до Драчево – Патот ќе биде блокиран!

ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради најавен протест на група граѓани со блокирање крстосница на булеварот Србија со булеварот Борис Трајковски, утре, од 7 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот 12. Македонска бригада, булеварот Трета македонска бригада и улицата Народни херои.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.